Декарбонизација

Декарбонизација претставува наједноставен начин за чистење на моторот со внатрешно согорување на вашето возило!

Декарбонизација претставува постапка со која се вбризгува одредена количина на H2E гас во всисната гранка за воздух на моторот со внатрешно согорување. Гасот тогаш реагира и ги раствара наталожените честички од јаглерод во внатрешноста на комрата за согорување, компресиониот дел од главата на моторот, челото на клипот, врвовите на дизните во цилиндрите, врвовите на грејачите во цилиндрите, врвовите на свеќичките во цилиндрите, издувните вентили, издувната гранка, EGR – вентилот,турбополначот, катализаторот, DPF- филтерот како и сите останати компоненти од издувниот систем.

Со декарбонизацијата не се чисти всисната гранка, всисните вентили, всисни црева, интеркулер, MAP и MAF сензорите…
Оваа постапка не содржи никакви штетни, опасни или агресивни хемикалии, односно единствен нуспроизвод е водена пареа која се испушта. Отстранувањето на наталожениот јагерод ја враќа ефикасноста на моторот во функционалните карактеристики

Најчести проблеми кај моторите

Наслагите од јаглерод при согорувањето на горивата по одреден период започнуваат да влијаат на работата на моторот со внатрешно согорување. Тоа се приметува при заслабување на перформансите, трокирање при додавање на педалот на гас, намалена компресија, лошо согорување на горивото или зголемена потрошувачка на горивото. Таложењето на јаглеродот не е проблем само кај старите мотори – и новите мотори се подложни поради ниски оптимални услови на кои работат моторите.

40 – 60

минути

1 +
задоволни клиенти
Scroll Up