ШТЕТИ
Што во случај на
?
Штета предизвикана од страна на друго возило?
Штета предизвикана од страна на неосигурано возило?
Штета предизвикана од страна на странско моторно возило?
Кога се пополнува европски извештај?
- Само во случај на мала материјална штета каде возилата можат самостојно да се движат
- Не се пополнува доколку има повредени и загинати лица ниту пак голема материјална штета
Сообраќајна полиција се повикува задолжително во следниве случаи
- губење на живот или повреда на било кој од учесниците во сообраќајната несреќа. Во овој случај јавете се на итна медицинска помош
- настанување на голема материјална штета или едно од возилата е неподвижно
- не постои јасна-изричита вина на еден од учесниците во незгодата
- судир со неосигурано возило
- судир со возило со странски регистарски таблички
- алкохолизираност на возачот на возилото што бил вмешан во сообраќајната незгода
- возење без возачка дозвола
Како да постапите при сообраќајна незгода во странство?
- Не поместувајте го возилото
- Поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот
- Погрижете се за повредените лица
- Повикајте полиција
- Направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата
- Разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата
- Побарајте белешка од полицијата
- Пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од Вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот
Што треба да направите во случај на повреда или болест при патување во странство?
- Повикајте го партнерот за асистенција
При повикот потребно е да им ги доставите следните податоци:
– Лични податоци
– Број на полиса
– Опис на незгодата, односно болеста
– Место и телефонски број, каде сте достапни 24 часа на ден.