Цертус претставува Ваш осигурителен брокер кој Ви е достапен 24 часа и се стреми со нашите клиенти да работиме партнерски, по принципот на личен осигурителен брокер, секогаш давајќи го вистинскиот и најповолниот совет при изборот на соодветната полиса. За одбраните полиси нема доплата, даваме бесплатни правни консултации и посредуваме во брза наплата на штета.

Цертус Ваш осигурителен брокер соработува со сите осигурителни компании и ви ја презентира најповолната понуда за Вас.

Што претставува животно осигурување?

   Животното осигурување претставува еден од двата главни облика на осигурување. Овој вид осигурување се применува во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување живот со враќање на премиите. Осигурувањето на животот е начин да се управува со ризиците што можат да се изразат преку недостаток на средства за живот во определен период од животниот век или заштита на поединецот, односно членовите на неговото семејство, во финансиска смисла.

Причините поради кои ве советуваме да го изберете токму животното осигурување:
– Најбезбеден облик на сигурност, штедење и осигурување
– Повратни средства
– Припишана добивка
– Пензиска и стипендиска рента
– Можност за заем
– Избор на динамика на плаќање
– Избор на начин на уплата
– Инвестиција во сигурна економска иднина

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Програмите за доброволно здравствено осигурување се прилагодени согласно потребите на современиот човек за заштита и вложување во посигурна и подобра иднина. Доброволното здравствено осигурување е најдобар избор и решение за заштита на Вашето здравје. Со ова осигурување ги добивате сите дополнителни надстандардни здравствени услуги:
● Вонболничко (амбулантно) и болничко лекување
● Подобра индивидуална медицинска нега во текот на болничкото лекување
● Надомест на трошоци за партиципација и лекување
● Достапност на лекар 24 часа на ден
● Заштеда на време, без одложување на преглед
● Избор на здравствена установа и лекар
● Дополнителни бенефити

Побарај понуда за животно осигурување од Цертус – Ваш осигурителен брокер

Scroll Up