
ЗЕЛЕН КАРТОН
Цертус како Ваш осигурителен брокер Ви овозможува брзо, сигурно и едноставно издавање на зелен картон по најповолни услови, за безгрижно патување надвор од границите на државата.
Зелениот картон претставува меѓународно осигурување од автоодговорност кое обезбедува заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода при управување со возило надвор од територијата на Република Северна Македонија. Осигурувањето важи во сите земји членки на системот на зелена карта и претставува задолжителен документ за сите возила кои патуваат во странство.
За патничките возила, зелениот картон може да се издаде со важност од 1 месец или 12 месеци, додека за останатите категории возила се издава годишен зелен картон согласно важечките услови и прописи. Листата на земји во кои важи зелената карта е наведена на самиот документ.
Ценовник за зелен картон
| Вид на возило | 1 месец | 12 месеци |
|---|---|---|
| Патнички возила до 66 kW | 1.850 МКД | 3.690 МКД |
| Патнички возила над 66 kW | 3.075 МКД | 5.536 МКД |
| Мотоцикли | / | 1.850 МКД |
| Влечни, специјални, приклучни и работни возила | / | 5.536 МКД |
| Комбинирани возила | / | 9.656 МКД |
| Товарни возила и автобуси | / | 17.222 МКД |
Во сите станици за технички преглед на ГРА-ВАГ можете на едно место брзо и едноставно да извршите технички преглед, регистрација и издавање на зелен картон, со професионална поддршка и ефикасна услуга.
Останати осигурувања:
- Автоодговорност за моторни возила со пробни таблици
- Гранично осигурување
- Осигурување на патници во јавен превоз
- Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода









