Кои сме ние?
ЦЕРТУС АД СКОПЈЕ е осигурително брокерско друштво специјализирано во областа на неживотно и животно осигурување. Движечка сила на друштвото е тимот од повеќемина искусни и докажани професионалци од областа на осигурувањето, со главен фокус- обезбедување врвна грижа за клиентите.
Во развојниот план на друштвото беше предвидено отворање уште на најмалку две експозитури во Скопје, но во текот на првата година се отворија четири во склоп на станиците за технички преглед на Здружение на возачи на град Скопје.
Мисија и визија
Да обезбедиме најдобра стручна помош за клиентите во сите фази од осигурувањето, почнувајќи од приемот во осигурување, преку анализирање и идентификување на ризиците, давање стручен совет при избор на најсоодветна понуда и давање правна помош при настанување осигурен случај.
Да создадеме стручно квалификувана и лесно достапна продажна мрежа, со најквалитетна услуга за клиентите во процесот на посредување во осигурување. Поставуваме основни корпоративни начела во работењето, по кои и со кои друштвото ќе се идентификува и ќе биде препознатливо како најдобро во областа на осигурително-брокерски услуги.
Наши активности
– Идентификување и дефинирање на критичните точки на Вашата дејност
– Проценка на ризик (предвидување на ризиците)
– Изготвување и прибирање на точни податоци (основа за пресметка и премија на оштетни побарувања)
– Определување на осигурителното покритие (ризици кои се реално потребни за осигуреникот)
– Целосно посредување при оштетно побарување
– Правен совет во случај на спор помеѓу осигурителната компанија и клиентот
– Достапност 24 часа преку ангажирање на двајца вработени од нашето друштво, задолжени само за Вашите потреби
– Добивање соодветно осигурување согласно потребите кои ги имате
– Организирање и спроведување на јавна набавка за осигурување со консултација при избор на најсоодветна понуда
– Сервис на покриеност на територијата на Скопје со четири филијали
– Реализација на оштетни побарувања во рок кој е предвиден со закон (14 дена по комплетирање на потребната документација)
– Комуникација за сите услуги и решавање на дадени ситуации со едно лице
Лиценца
Цертус е осигурително брокерско друштво основано согласно законот за супервизија во осигурување лиценцирано согласно решение со број 09-65612 – Скопје на 18.04.2012 година издадено од агенција за супервизија и осигурување.