Кафе бар

Додека го пиете Вашето кафе, работата е веќе завршена…
Во сите станици за технички преглед на Цертус Центри за Регистрација на Возила, покрај брзата и професионална услуга, Ви овозможуваме и пријатно искуство при секоја посета. Со секоја извршена регистрација и технички преглед, следува бесплатно кафе по Ваш избор, додека нашиот тим се грижи Вашето возило брзо и ефикасно да ја заврши целата постапка.
