📞076 30 30 10-Даме Груев🕐Пон – Пет: 07:00 – 16:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞076 30 30 20-Ченто🕐Пон – Пет: 08:00 – 17:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 74-Карпош🕐Пон – Пет: 07:30 – 17:30, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 40-Кисела Вода🕐Пон – Пет: 07:30 – 17:30, Саб: 08:00 – 14:00|
📞076 30 30 10-Даме Груев🕐Пон – Пет: 07:00 – 16:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞076 30 30 20-Ченто🕐Пон – Пет: 08:00 – 17:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 74-Карпош🕐Пон – Пет: 07:30 – 17:30, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 40-Кисела Вода🕐Пон – Пет: 07:30 – 17:30, Саб: 08:00 – 14:00|

Штети

Штета предизвикана од страна на друго возило?

Штета предизвикана од страна на неосигурано возило?

Штета предизвикана од страна на странско моторно возило?

Кога се пополнува европски извештај?

  • Само во случај на мала материјална штета каде возилата можат самостојно да се движат
  • Не се пополнува доколку има повредени и загинати лица ниту пак голема материјална штета

Сообраќајна полиција се повикува задолжително во следниве случаи

  • Губење на живот или повреда на било кој од учесниците во сообраќајната несреќа. Во овој случај јавете се на итна медицинска помош
  • Настанување на голема материјална штета или едно од возилата е неподвижно
  • Не постои јасна-изричита вина на еден од учесниците во незгодата
  • Судир со неосигурано возило
  • Судир со возило со странски регистарски таблички
  • Алкохолизираност на возачот на возилото што бил вмешан во сообраќајната незгода
  • Возење без возачка дозвола

Како да постапите при сообраќајна незгода во странство?

  • Не поместувајте го возилото
  • Поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот
  • Погрижете се за повредените лица
  • Повикајте полиција
  • Направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата
  • Разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата
  • Побарајте белешка од полицијата
  • Пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од Вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот

Што треба да направите во случај на повреда или болест при патување во странство?

Повикајте го партнерот за асистенција. При повикот потребно е да им ги доставите следните податоци:

  • Лични податоци
  • Број на полиса
  • Опис на незгодата, односно болеста
  • Место и телефонски број, каде сте достапни 24 часа на ден