За ГРА-ВАГ
Кои сме ние?

ГРА-ВАГ претставува современ центар за технички преглед, регистрација и осигурување на моторни возила, посветен на обезбедување брза, професионална и сигурна услуга за своите клиенти. Компанијата е основана во 2015 година со првата станица за технички преглед во населбата Даме Груев, по што следуваше проширување со нова локација во населбата Ченто, на добро познатата локација Агросервис.
Како резултат на континуираниот раст и довербата од клиентите, денес ГРА-ВАГ располага со повеќе современи станици за технички преглед на локациите Даме Груев, Ченто, Карпош и Кисела Вода, овозможувајќи поголема достапност и побрза услуга за граѓаните во различни делови од градот.
Во состав на станиците се наоѓаат современо уредени простории за прием на клиенти, кафетерии и перални за автомобили, со цел да Ви овозможиме пријатно и удобно искуство при секоја посета. Сите станици ги исполнуваат законските стандарди, техничките услови и потребните дозволи за вршење технички преглед и регистрација на возила.
Довербата од над 20.000 клиенти годишно, чиј број континуирано расте секоја година, претставува потврда за нашиот професионален пристап, квалитетот на услугата и ефикасноста со која ги исполнуваме потребите и очекувањата на нашите клиенти.
Мисија и визија
Да обезбедиме најдобра стручна помош за клиентите во поглед на техничкиот преглед и регистрацијата на возилата, почнувајќи од приемот на возилото и проверка на техничката исправност до заверка на сообраќајната дозвола.
Наши активности
Регистрација на возила
- Категорија (М1, М2, М3)
- Категорија (N1, N2, N3)
- Категорија (L1E, L2E, L3E, L4E, L5E, L6E, L7E)
- Категорија (O1, O2, O3, O4)
- Категорија (Т1, Т2, Т3, Т4 [T4.1, T4.2, T4.3])
- Категорија (R1, R2, R3, R4)
- Категорија (S [S1, S2])
- Категорија (MM)
Други услуги
- Меѓународна возачка дозвола
- Одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
- Промена на сопственост
- Пробни таблици
- Техничка служба
