
АВТООСИГУРУВАЊЕ
Цертус како Ваш осигурителен брокер ги застапува Вашите интереси пред осигурителните компании и Ви помага при изборот на најсоодветното и најповолното решение за осигурување. Со професионален и индивидуален пристап, обезбедуваме сигурност, транспарентност и стручна поддршка во текот на целиот процес на осигурување.
Автоосигурувањето претставува задолжителна и важна форма на заштита која обезбедува сигурност за сите учесници во сообраќајот. Согласно законските прописи, сопствениците на моторни возила се должни да склучат договор за осигурување од автоодговорност, со кој се обезбедува надомест на штета предизвикана на трети лица како последица од сообраќајна незгода.
Со полисата за автоодговорност се покриваат штети како:
- материјална штета на возила и имот
- телесни повреди
- нарушување на здравствената состојба
- како и надомест во случај на смрт
Право на надоместок на штета имаат сите оштетени лица кои учествувале во сообраќајната незгода, вклучувајќи ги патниците и другите учесници во сообраќајот.
Дополнително, воени инвалиди и лица со инвалидитет можат да остварат посебни поволности и попусти согласно важечките услови за осигурување.
Во сите станици за технички преглед на Цертус Центри за Регистрација на Возила, на едно место можете брзо и едноставно да извршите технички преглед и да склучите автоосигурување, со професионална и ефикасна услуга која Ви заштедува време.









