Животно осигурување
ЦЕРТУС претставува Ваш доверлив осигурителен брокер, посветен на обезбедување професионална, транспарентна и навремена услуга за секој клиент. Нашиот пристап се темели на партнерски однос, индивидуален пристап и целосна посветеност при изборот на најсоодветната осигурителна полиса.
Како осигурителен брокер кој соработува со сите осигурителни компании, Ви овозможуваме споредба на различни понуди и избор на најповолно решение согласно Вашите потреби. Нашиот тим обезбедува стручна поддршка во текот на целиот процес – од избор на полиса, до помош и посредување при пријава и наплата на штета.
Дополнително, за одбраните полиси обезбедуваме професионални консултации и континуирана поддршка, со цел нашите клиенти секогаш да добијат сигурност, доверба и квалитетна услуга.
Што претставува животното осигурување?
Животното осигурување претставува една од најзначајните форми на финансиска заштита и долгорочно планирање. Неговата основна цел е да обезбеди финансиска сигурност за осигуреникот и неговото семејство во различни животни ситуации.
Овој вид осигурување може да опфати:
- осигурување во случај на смрт
- осигурување за доживување
- мешано животно осигурување
- рентно осигурување
- како и осигурување со поврат на средства или штедна компонента
Покрај финансиската заштита, животното осигурување денес претставува и важен инструмент за обезбедување сигурна иднина, финансиска стабилност и долгорочна поддршка за семејството.
Причините поради кои ве советуваме да го изберете токму животното осигурување
- Најбезбеден облик на сигурност, штедење и осигурување
- Повратни средства
- Припишана добивка
- Пензиска и стипендиска рента
- Можност за заем
- Избор на динамика на плаќање
- Избор на начин на уплата
- Инвестиција во сигурна економска иднина
Здравствено осигурување
Програмите за доброволно здравствено осигурување се прилагодени согласно потребите на современиот човек за заштита и вложување во посигурна и подобра иднина. Доброволното здравствено осигурување е најдобар избор и решение за заштита на Вашето здравје. Со ова осигурување ги добивате сите дополнителни надстандардни здравствени услуги:
- Вонболничко (амбулантно) и болничко лекување
- Подобра индивидуална медицинска нега во текот на болничкото лекување
- Надомест на трошоци за партиципација и лекување
- Достапност на лекар 24 часа на ден
- Заштеда на време, без одложување на преглед
- Избор на здравствена установа и лекар
- Дополнителни бенефити
Побарај понуда за животно осигурување од Цертус – Ваш осигурителен брокер.
