📞076 30 30 10-Даме Груев🕐Пон – Пет: 08:00 – 16:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞076 30 30 20-Ченто🕐Пон – Пет: 08:00 – 17:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 74-Карпош🕐Пон – Пет: 07:30 – 17:30, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 40-Кисела Вода|
📞076 30 30 10-Даме Груев🕐Пон – Пет: 08:00 – 16:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞076 30 30 20-Ченто🕐Пон – Пет: 08:00 – 17:00, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 74-Карпош🕐Пон – Пет: 07:30 – 17:30, Саб: 08:00 – 14:00|
📞078 32 03 40-Кисела Вода|

Политика на приватност и заштита на лични податоци

Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите задачи и овластувања.

Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

Личните податоци ги собираме за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

Мобилна апликација „Certus“

Мобилната апликација на Цертус за iOS и Android не бара корисничка сметка и не користи следење (tracking), реклами ни аналитика од трети страни.

До Цертус се испраќаат само податоците што сами ќе ги испратите преку апликацијата:

  • Закажување и презакажување технички преглед: име и презиме, регистарска табличка, мобилен број, е-пошта, тип на возило, тип на услуга, станица, датум и време на терминот;
  • Барање за бесплатен шлеп: име и презиме, телефон, е-пошта, регистарска табличка, категорија, марка и модел на возилото, местото на преземање (опис и, ако ја споделите, GPS локација), дестинација и забелешки.

Овие податоци ги обработуваме за да го закажеме или промениме терминот, да ви испратиме потврда на е-пошта и да ве контактираме во врска со барањето за шлеп, исто како кога ги испраќате преку оваа веб-страница. Со секое барање се испраќа и верзијата на апликацијата, без идентификатор на уредот.

Зачуваните термини и кодот за презакажување, вашите возила и датумите на истек на регистрацијата, контакт податоците што сте избрале да се запомнат и потсетниците остануваат само на вашиот телефон и Цертус нема пристап до нив. Можете да ги избришете во апликацијата (Повеќе → Поставки и приватност → „Избриши ги сите мои податоци“) или со бришење на апликацијата.

Локацијата на уредот се користи само кога ќе притиснете „Сподели моментална локација“ во формуларот за шлеп и не се следи во позадина. Потсетниците се локални известувања на уредот; апликацијата не користи сервер за push известувања.

Кои права имате како субјекти на лични податоци?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани дали се обработуваат ваши податоци и за какви цели, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат…);
  • Право на пристап до личните податоци (имате право да барате информација за какви цели се обработуваат вашите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, предвидениот рок…);
  • Право на исправка и бришење на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци);
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци);
  • Право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
  • Право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци).

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Ивана Зикова, e-mail: ivana.sarovska@certus.mk.