
КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Цертус како Ваш осигурителен брокер ви ја презентира најповолната понуда за каско осигурување на Вашиот автомобил.
Предмет на каско осигурувањето се сите видови моторни, приклучни, автобуси, товарни, работни и шински возила и нивните составни делови. Како составни делови на возилото се сметаат целата опрема и уреди, алат, прибор и резервни делови испорачани од производителот на соодветниот тип на возилото. Каско осигурувањето може да се склучи како:
- Делумно каско осигурување
- Потполно каско осигурување
Основни покриени ризици
- Сообраќајна незгода: превртување, судар, удар, лизгање, пад во провалија и слично
- Паѓање или удар од некој предмет
- Пожар
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Удар од гром
- Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија
- Луња, снежна лавина
- Поплава, порој и високи води
- Паѓање на воздушни летала
- Манифестации и демонстрации
- Кражба и разбојништво
- Злонамерни постапки на трети лица









