Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите задачи и овластувања.
Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
Личните податоци ги собираме за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
Кои права имате како субјекти на лични податоци?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани дали се обработуваат ваши податоци и за какви цели, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат.. );
- право на пристап до личните податоци (имате право да барате информација за какви цели се обработуваат вашите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, предвидениот рок.. );
- право на исправка и бришење на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци);
- право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци);
- право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
- право на повлекување на согласнота за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци).
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Ивана Зикова, e-mail: ivana.sarovska@certus.mk.