ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Ќе патувате? Цертус како Ваш осигурителен брокер е тука за вас со стручен совет за избор на најсоодветното патничко осигурување за Вас и вашето семејство.

Во зависност од вашата возраст, земјата во која патувате, дали патувате сами или со семејството, еднаш или повеќепати во текот на годината, дали носите вредни предмети во вашиот багаж, ризикот кој што сте спремни да го преземете во случај на незгода, заеднички ќе ја одбереме најдобрата полиса.

Полисата за патничко осигурување ги овозможува следниве осигурителни покритија низ целиот свет:
● здравствена помош и осигурување
● помош при патување и осигурување
● осигурување од незгода
● осигурување од спортска незгода (со доплаток на премија)
● осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи
Осигурувањето може да се склучи само за лицето кое во моментот на потпишувањето на договорот се наоѓа на територијата на Р. Македонија и кое поседува валиден пасош во моментот на склучување на полисата за патничко осигурување. Покрај државјаните на Р. Македонија, се осигуруваат и странски лица.

Scroll to Top