ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ЗЕМЈОТРЕС
Земјотрес се смета ненадејно движење, поместување и тресење на тлото (земјиштето) предизвикано ислучиво од природните процеси на тектонски движења и поместувања во земјината кора кое резултира со оштетување или уништување на осигурените предмети и истото е забележано според меѓународната скала за мерење на макросеизмички настани.
Со осигурувањето, кога ќе се оствари осигурен случај, се покриени штетите од уништување или оштетување на осигурените предмети, кои се настанати непосредно од земјотресот или се индиректна последица на земјотресот.