КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Цертус како Ваш осигурителен брокер ви ја презентира најповолната понуда за каско осигурување на Вашиот автомобил.

● Предмет на каско осигурувањето се сите видови моторни, приклучни, автобуси, товарни, работни и шински возила и нивните составни делови. Како составни делови на возилото се сметаат целата опрема и уреди, алат, прибор и резервни делови испорачани од производителот на соодветниот тип на возилото.
Каско осигурувањето може да се склучи како:
– делумно каско осигурување
– потполно каско осигурување

● Основни покриени ризици
– Сообраќајна незгода: превртување, судар, удар, лизгање, пад во провалија и слично
– Паѓање или удар од некој предмет
– Пожар
– Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
– Удар од гром
– Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија
– Луња, снежна лавина
– Поплава, порој и високи води
– Паѓање на воздушни летала
– Манифестации и демонстрации
– Кражба и разбојништво
– Злонамерни постапки на трети лица

Scroll to Top