АВТООСИГУРУВАЊЕ

Цертус како Ваш осигурителен брокер Ве застапува пред осигурителните компании и ја одбира најповолната понуда за Вас.

Автоосигурувањето претставува осигурување кое нуди заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни по сила на законот да склучат договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надокнада на штета која настанува како последица на сообраќајните незгоди. Со склучување на договор за осигурување од автоодговорност се надоместува штета кон трети лица (оштетено или уништено моторно возило, смрт, телесна повреда, нарушена здравствена состојба). Право на надоместок на штета имаат сите лица кои се наоѓаат во возилото кое ја причинило сообраќајката како и сите лица кои се наоѓаат во другото возило кое учествувало во сообраќајната незгода.

Воени инвалиди и лица со инвалидитет, добиваат дополнителни попусти.

Scroll to Top