Кариера

Kariera

Кај нас успешната соработка и добрите односи се базираат на разбирањето помеѓу колегите, како професионално, така и лично. Грижата за нашите вработени ја сметаме за една од најважните стратешки цели на друштвото, која сака да им овозможи на своите вработени целосно искористување на нивниот потенцијал. Ние се залагаме да вработуваме образовани и мотивирани работници кои го гледаат ЦЕРТУС/ЦРЦ како дом на нивната професионална иднина. Ние го препознаваме и развиваме нивниот потенцијал, и затоа толку многу инвестираме во нашиот тим. 

Меѓутоа, ние исто така им задаваме предизвикувачки задачи, бидејќи нашата цел е да успееме.
Кај нас вработувањето е сигурно. Покрај многубројните бенефиции и грижата за здрава работна средина, вработените кај нас имаат можности за напредување, како и можност за работа во пријатна средина.
Нашата цел е поттикнување на креативноста, мобилноста на нашите вработени.

Вашите барања со лична и професионална биографија испратете ги на info@certus.mk

Со испраќањето се согласувате да се обработуваат личните податоци според политиката на приватност и заштита на личните податоци

Scroll to Top