Цертус Помош на пат во соработка со ORYX Assistance, обезбедува бесплатна техничка Помош на пат во случај на дефект или сообраќајна незгода за возила до 3.5t, која вклучува:
- Третман на возило на лице место / брза поправка: испуштање на погрешно наточено гориво; дополнување на гориво; замена на тркала и гуми; замена или полнење на акумулатор; отклучување на заклучено возило (механички, електронски).
- Tранспорт/Шлеп на возило до најблискиот сервис или локацијата по избор на осигуреникот.
- Oрганизација и употреба на заменско возило.
- Oрганизација на хотелско сместување за возачот и другите патници во возилото.
- Oрганизација и трошоци за продолжување на патувањето со алтернативен превоз.
- Oрганизација на достава на гориво.
- Неограничена употреба на иновативната апликација “Drive Angel“.
Достапни се три пакети:
- Пакет Цертус Македонија
- Пакет Цертус Регија
- Пакет Цертус Европа
