|
Услуги
Што работиме?
- ЦЕРТУС е друштво за посредување при осигурување, за сите правни и физички лица. Во нашите услуги се вклучени сите видови на осигурување, во соработка со сите регистрирани осигурителни компании во Репбуплика Македонија.
За нашите клиенти работиме партнерски, по принципот личен осигурителен брокер, секогаш давајќи го вистинскиот и најповолен совет при изборот на соодветна полиса. За одбраните полиси нема доплата, даваме бесплатни правни консултации и посредуваме во брза наплата на штета
Сега на едно место може да се заврши сè!
Неживотно осигурување
Графички приказ на релацијата помеѓу Цертус и другите осигурителни компании во областа на неживотното осигурување:
-
-
Поделба на услуги и продукти
- - За нашите клиенти нудиме врвна услуга и најдобра стручна помош во следните области на осигурување:

-
- 1. Осигурување од послединици од несреќен случај-незгода
- Осигурувањето од последици од несреќен случај се однесува на осигурување на лица, се склучуваат на доброволна база, односно не се задолжителни со закон, освен осигурување на патници во јавен превоз.
-
- 2. Здравствено осигурување
-
- 3. Осигурување на моторни возила каско
- Кај овој вид на осигурување предмет може да бидат сите моторни возила со радиоапарат, алат и прибор стандардно испорачани од производителот. Со потполно каско кај овој вид на осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од сообраќајна незгода, паѓање или удар од предмет, пожар, хемиско или термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, лавина, манифестации и демонстрации, кражба, злонамерни штети, поплава и порој.
-
- 4. Осигурување на шински возила каско
-
- 5. Осигурување на воздухоплови каско
-
- 6. Осигурување на пловни објекти каско
-
- 7. Осигурување на стока во транспорт или карго
- Ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот без оглед на транспортот.
-
- 8. Осигурување на имот од пожар
- Ги покрива штетите или губитоците на имот во случаи на пожар, експлозија, луња, земјиште што тоне и се лизга и природни непогоди.
-
- 9. Осигурување на домаќинства
- Ги покрива, покрај основното осигурување од пожар и други ризици како провала, кражба и разбојништво, предмети во домаќинството, надомест на нужно сместување при штетен настан и надоест на штети причинети на трети лица.
-
- 10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (АО)
-
- 11. Осигурување од одговорност од употреба на воздуоплови (АО)
-
- 12. Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти (АО)
-
- 13. Општо осигурување од одговорност
-
- 14. Осигурување на кредити
-
- 15. Осигурување на гаранции
-
- 16. Осигурување од финансиски загуби
-
- 17. Осигурување на правна заштита
-
- 18. Осигурување на туристичка помош
- Ги покрива штетите за лица кои се соочуваат со проблеми при патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.
Побарај понуда за неживотно осигурување
- Животно осигурување
Осигурувањето на живот претставува долгорочно решение кое нуди најбезбеден облик на штедење, сигурност и осигурување. Во зависност од возраста, финансиската состојба, кредитната задолженост, здравствената состојба итн., секоја компанија нуди одредени производи и пакети кои ги задоволуваат потребите на клиентот во целост.
- Животното осигурување е еден вид инвестиција во сигурна економска иднина. Штедната компонента на животното осигурување се состои од вложените средства кои по истекот на осигурувањето се повратни и на кои постојано им се припишува одредена добивка, во исто време се создава капитал за времето кога приходите ќе се намалат, особено по заминување во пензија а воедно и се заштитува семејството во случај да го изгуби најголемиот финансиски извор.
- По истекот на осигурувањето осигуреникот располага со акумулираните средства кои може да ги подигне во целост зголемени со припишана добивка, да договори некаков вид на рента (зависно со условите на компанијата), повторно да склучи осигурување... Исто така компаниите нудат и дополнителни осигурувања од незгода и тешко болни состојби кои обезбедуваат неопходни парични стредства во најтешките периоди на осигуреникот.
ОБЕЗБЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИДНИНА СО ЦЕРТУС ...... ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ!
Побарај понуда за животно осигурување
|
|