ЦЕРТУС АД  Осигурително брокерско друштво 
Возила


Задолжително осигурување на моторни возила од автомобилска одговорност (АО) и Зелен картон
● Автоодговорност за сите видови моторни возила
Задолжителното осигурување од автомобилска одговорност, врз основа на прописите за одговорност за надомест на штета, надоместува штета ако со употреба на моторно возило се причини штета кон трето лице, поради:
- Смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето, или
- Уништување и оштетување на предмети, освен од одговорност за штети за предмети ги примил на превоз
● Зелен картон
Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за АО полисата издадена за матичната земја со важност за сите земји членки наведени во полисата.
Важност на зелениот картон:
- месечен
- годишен

● Останати осигурувања:
Автоодговорност за моторни возила со пробни таблици
Гранично осигурување
Осигурување на патници во јавен превоз
Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода

Каско осигурување
● Предмет на каско осигурувањето се сите видови моторни, приклучни, автобуси, товарни, работни и шински возила и нивните составни делови. Како составни делови на возилото се сметаат целата опрема и уреди, алат, прибор и резервни делови испорачани од производителот на соодветниот тип на возилото.
Каско осигурувањето може да се склучи како:
- делумно каско осигурување
- потполно каско со или без вклучен ризик на кражба
- каско- осигурување со франшиза 100, 200, 300, 400 и 500 евра
- каско осигурување без франшиза
● Основни покриени ризици
- Сообраќајна незгода: превртување, судар, удар, лизгање, пад во провалија и слично
- Паѓање или удар од некој предмет
- Пожар
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Удар од гром
- Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија
- Луња

Карго осигурување
Ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот без оглед на транспортот.
● Осигурување на стока во домашен транспорт
● Осигурување на стока во меѓународен транспорт
● Осигурување од одговорност на превозникот ЦМР осигурување
Следете не: