ЦЕРТУС АД  Осигурително брокерско друштво 
Лица



Патничко осигурување

Полисата за патничко осигурување ги овозможува следниве осигурителни покритија низ целиот свет:
● здравствена помош и осигурување
● помош при патување и осигурување
● осигурување од незгода
● осигурување од спортска незгода (со доплаток на премија)
● осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи
Осигурувањето може да се склучи само за лицето кое во моментот на потпишувањето на договорот се наоѓа на територијата на Р. Македонија и кое поседува валиден пасош во моментот на склучување на полисата за патничко осигурување. Покрај државјаните на Р. Македонија, се осигуруваат и странски лица.


Здравствено осигурување

Програмите за доброволно здравствено осигурување се прилагодени согласно потребите на современиот човек за заштита и вложување во посигурна и подобра иднина. Доброволното здравствено осигурување е најдобар избор и решение за заштита на Вашето здравје. Со ова осигурување ги добивате сите дополнителни надстандардни здравствени услуги:
● Вонболничко (амбулантно) и болничко лекување
● Подобра индивидуална медицинска нега во текот на болничкото лекување
● Надомест на трошоци за партиципација и лекување
● Достапност на лекар 24 часа на ден
● Заштеда на време, без одложување на преглед
● Избор на здравствена установа и лекар
● Дополнителни бенефити


Незгода

● Осигурувањето од последици на несреќен случај- незгода ги ублажува економските последици од несреќните случаи на работното место и при останатите активности со кои се бави лицето, во домот (местото на живеење), работното место и при патување, во текот на 24 часа временски и просторно неограничено. Осигурувањето од незгода може да се склучи индивидуално или колективно.
● Осигурени ризици:
- Смрт од последици на несреќен случај
- Траен инвалидитет од последици на несреќен случај
- Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај
-Трошоци за лекување од последици на несреќен случај
Следете не: