ЦЕРТУС АД  Осигурително брокерско друштво 
Имот


Домаќинско осигурување

● Предмети на осигурување:
-Населени и ненаселени станбени објекти: станови, индивидуални куќи, викендици со целокупна вградена инсталација (електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација)
- Предмети во домаќинство кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект како: предмети за уредување (мебел, машини, апарати), предмети за лична употреба, готови пари од ризик кражба само во вклучени сефови (доколку посебно ќе се договори), уметнички предмети, хартии од вредност, скапоцености...
- Одговорност за штета причинета од и кон трети лица
- Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство
● Основни покриени ризици:
-Пожар
- Удар на гром
- Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
- Луња
- Град
- Одговорност од и кон трети лица
- Манифестација и демонстрација
- Паѓање на воздушни летала
- Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации, уреди, цевки и топловодни инсталации
- Провална кражба и разбојништво
Дополнителни покриени ризици:
- Поплава, порој, високи води
- Лизгање и одронување на земјиште
- Снежна лавина
- Кршење стакло


СО ЕДЕН КЛИК ДО БЕЗБЕДЕН ДОМ!


 
Пожар и други опасности
● Предмет на осигурување од пожар и други опасности опфаќа осигурување на фабрики, мебел, машини, уреди, инсталации, канцеларии, погони, залихи, пари, хартии од вредност...
● Основни покриени ризици:
- Пожар и удар од гром
- Луња
- Експлозии освен нуклеарна експлозија
- Град
- Удар од сопствено моторно возило во осигурани градежни објекти
- Пад и удар на воздухоплов
- Манифестации и демонстрации
- Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
- Удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти
● Дополнителни опасности:
- Поплава, порој и високи води
- Лизгање и одронување на земјиште
- Снежна лавина и други
- Самозапалување на залихи
- Излевање на вжарена течна растопена маса
- Удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект



Кршење на стакло
● Предмет на осигурување се сите видови стакла, светлосни натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи, пултови, регали, порцелански мијалници, огледала на улици за регулирање на сообраќајот и слично. Покрај светлосни реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамови што се нивни составен дел.
● Со ова осигурувањето се дава осигурителна заштита од уништување или оштетување на осигурените предмети поради остварувањето на било кои од ризиците на кои се изложени осигурените предмети.

Осигурување на електрични сметачи и процесори
● Предмет на осигурување можат да бидат сите електронски сметачи, сервери, печатари, процесни сметачи и слични електронски уреди што се сопственост на осигуреникот и на лицата што со него живеат во заедничко домаќинство.
● Со осигурувањето предметите се заштитуваат од оштетување, уништување и противправно одземање на осигурените предмети од настаните што се случуваат непредвидено и одненадеж.

Следете не: